Руни: Се разбира дека ќе славам ако му дадам гол на Манчестер јунајтед

Напаѓачот и капитен на Дерби каунти, Вејн Руни, изјави дека ќе слави ако успее да се запише во листата на стрелци на вечерашниот меч од ФА купот против неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед. Овните се домаќини на Црвените ѓаволи и Руни нема да има милост кон клубот за кој даде 253 гола и се наоѓа на првото место на вечната листа на стрелците.

Руни за 13 сезони како играч на Јунајтед освои пет титули во Премиер лигата, една титула во Лигата на шампионите, еден ФА куп и три Лига купа.

„Да, се разбира дека ќе прославам. Манчестер јунајтед е клуб кој го сакам, убаво ми беше за време на престојот таму. Но, во вечерашните 90 или 120 минути сакам Јунајтед да загуби. По мечот, пак ќе бидам нивен навивач. Фудбалот е спорт во кој играчите си ги менуваат клубовите. Јас долго време бев во Јунајтед и одам на нивниот стадион да гледам натпревар. Тоа што сакам Дерби да победи, не ги менува моите чувства кон Манчестер”, вели Руни.

Руни нема постигнато гол против Манчестер јунајтед, а четирипати играл против нив во дресот на Евертон.

- Оглас -

Најнови вести