Руни шокира: помлад е од многу активни фудбалери, а изгледа како дедо! (Фото)

Вејн Руни, кој играчката кариера ја заврши како прв стрелец во историјата на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, работи како тренер во ДЦ Јунајтед во САД, па навивачите во Европа ретко го гледаат и останаа шокирани кога видоа една негова нова фотографија.

На сликата Руни е со некогашниот боксерски шампион Амир Кан, а коментарите околу изгледот на ексфудбалерот се бројни. Руни, кој беше активен играч до пред неполни две години, многу ја зголемил килажата, а и е обелен во косата и брадата.

„Американска диета“, „Не е само до хамбургерите“, „Помлад е од Кристијано Роналдо и Ибрахимовиќ“, „Изгледа како 70-годишен старец“, „Делува отечено“, се дел од коментарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести