Руни тврди: Ако Ливерпул го донесе тој играч, ќе направи подобра работа од доаѓањето на Лео во Сити

Манчестер сити сака да го доведе Лионел Меси за да биде уште помоќен во новата сезона и да може да стигне до титулите во Премиер лигата и Лигата на шампиони кои во неодамна завршената сезона останаа само сон за Граѓаните. Со доаѓањето на Меси, Сити сигурно ќе добие големо засилување, но во летниот период нема да мирува ниту Ливерпул.

Најавите се дека актуелниот англиски првак може да го доведе Тијаго од Баерн Минхен. Според еден од најдобрите играчи во историјата на Премиер лигата, Вејн Руни, Ливерпул ќе направи подобра работа со доведувањето на Тијаго, околку ако Сити го купи Меси.

„Ако Ливерпул успее да го купи Тијаго, мислам дека ќе биде се готово. Тоа ќе биде подобро засилување од тоа Меси да замине во Манчестер сити“, предвидува Руни.

Од шпекулациите за летни трансфери, се споменува дека токму еден од главните играчи на Ливерпул, Садио Мане, може да замине во Барселона како замена за Лионел Меси. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести