Руни вели дека фудбалот бил многу подобар без ВАР-системот

Легендарниот голгетер на англискат арепрезентација, а сега тренер на Дерби каунти, Вејн Руни, јавно го критикуваше ВАР-системот и посака да не постои тој начин на судење. Речиси и да нема коло во англиската Премиер лига, а ВАР-системот директно да не влијае на неколку резултати.

„Некои од решенијата добиени по прегледување на ВАР-системот се навистина разочарувачки. Многупати не знам зошто судиите носат такви решенија. Мене лично фудбалот ми беше многу поубав без ВАР-системот, без разлика што судиите некогаш знаеја да направат грешки. Најлошо е кога ќе се постигне гол, кој е спорен. Емоциите кај фудбалерите не се исти во момнетот кога ќе го постигнат голот или да чекаат една или две минути за да добијат потврда дека постигнале погодок“, вели Руни.

Дерби каунти вечерва гостува кај Викомб во меч од 30-тото коло на Чемпионшип. Тимот на Руни моментно се наоѓа на 19-тото место на табелата со 31 освоен бод.

 

- Оглас -

Најнови вести