Во дебито како тренер за новиот тим Руни губеше до 90 минута, а на крајот победи (Видео)

Вејн Руни синоќа дебитираше како тренер на ДЦ јунајтед во фудбалското првенство на САД и се радуваше на триумф од 2:1 во дуелот против Орландо. Дуелот започна лошо за екипата предводена од англиската легенда, откако по само девет минути игра, гостите поведоа со 1:0.

Орландо беше подобар тим и промаши неколку шанси да ја зголеми предноста. Во вториот дел, гостите ја контролираа играта, но така беше само до 90 минута. Во судиското надополнување, фудбалерите на Руни направија шоу и постигнаа два гола за целосен пресврт.

Најпрво во 91 минута Дуркин погодува за 1:1, а ВАР системот покажа дека немало офсајд.

Кога најголемиот дел мислеа дека дуелот ќе заврши без победник, домашините изведоа уште еден одличен напад и Фунтас погоди за 2:1 и голема радост на фановите на трибините.

- Оглас -

Најнови вести