Руни залудно потроши 30.000 фунти за пресадување коса (фото)

Вејн Руни, искусниот тренер-играч на англискиот второлигаш Дерби каунти, повторно има проблеми со ќелавоста. Некогашниот англиски репрезентативец пред девет години плати 30.000 фунти за трансплантација на коса откако само на 25 години почна да му паѓа косата.

Руни денес се појави на тимскиот тренинг, по што англиските медиуми загрижено се прашуваа зошто двата зафати за пресадување коса не се успешни кај легендата на Манчестер јунајтед.

Инаку, сезоната во Шампионат лигата продолжува на 20 јуни со мечевите од 38-мото коло, а пред прекинот Дерби стоеше на 12-тото место на табелата со 51 бод.

- Оглас -

Најнови вести