Русија доби забрана за користење на името, знамето и химната

Русија не смее да го користи името, знамето и химната за наредните два циклуси на Олимписките игри, како и двата Мундијали предвидени за 2022 и 2026 година.

Ова е казната што ја изрече Судот за спортска арбитража во Лозано, а воедно Русите немаат право на кандидатура за домаќинство од никаков тип на спортови во наредните две години. На сето тоа, Русија дополнително треба да ѝ плати 930.000 евра на Светската антидопинг агенција, со која беше во спор.

На ОИ руските спортисти ќе настапуваат како независни спортисти, односно независни тимови. Русите може да бидат задоволни со оглед на тоа дека Светската антидопинг агенција бараше поригорозна казна од четири години забрана за користење на името, знамето и химната.

- Оглас -

Најнови вести