Русија и Азербејџан отпаѓаат како домаќини на ЕП?

УЕФА сериозно работи на промена на форматот на Евро 2020, кое беше одложено за следната година поради корона-вирусот. Планот беше првенството да се игра во 12 различни градови низ целиот континент, но тоа може да се смени. Уште ништо не е дефинитивно, а според англиските медиуми, најблиску до откажување се Санкт Петербург и Баку.

Градови домаќини треба да бидат и Лондон, Минхен, Рим, Букурешт, Копенхаген, Амстердам, Билбао, Глазгов, Будимпешта и Даблин.

И претседателот на УЕФА, Чеферин, изјави дека најлошото сценарио кое е можно е ЕП да се игра само во една држава, на 4 различни стадиони. Ова може да се направи со цел да се ограничат патувањата во услови на пандемија и да се ограничи ширењето на заразата.

Според „Сан“, азербејџански Баку прв ќе отпадне поради конфликтот во Нагорно Карабах, а потоа наводно ќе се откажат и од рускиот Санкт Петербург. Имаше шпекулации дека и други градови имаат проблем околу организацијата, па сето ова значи дека македонската репрезентација ако се најде на големиот континентален собир, не е дефинитивно дека ќе игра во Букурешт и Амстердам.

 

- Оглас -

Најнови вести