Русија не е Шкотска, „Панцерите“ тешко ќе газат врз „лалињата“

Иако нема елитни клупски натпревари, понудата на фудбалски мечеви во SPORT LIFE е богата, а секако доминираат репрезентациите и нивната трка по места на европскиот шампионат. Според квотите на денот, Русија нема да загуби во Астана, ниту Македонија во Словенија, а на дербито Холандија – Германија подобро да се игра на голови.

 

Казахстан – Русија (15.00 часот)

После убедливиот триумф над Шкотска од 3-0, Казахстанците ќе се обидат да ја совладаат и Русија, но тоа тешко ќе оди. „Црвената армија“ загуби од силната Белгија, и нема да ја повтори грешката на Шкотите знаејќи дека ако малку се опушти, нема да си помине добро. Во Астана би требало да има најмалку два гола и гостите да си заминат непоразени. Казахстан на претходните две соочувања со Русите не даде гол.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.05)

 

Холандија – Германија (20.45 часот)

Германците го почнуваат својот пат кон Еуро 2020 и тоа со најтешкото гостување, против разиграната Холандија која пред три дена со 4-0 ја растури Белорусија. Реновираната Германија одигра 1-1 против Србија во пријателски меч, а во Лигата на нации, дома ремизираше против „лалињата“, додека на гости загуби со 0-3. Последната победа на Германија над Холандија беше на ЕП 2012 година, а на гостување во Амстердам никогаш не победиле.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

Словенија – Македонија (20.45 часот)

Ова е дуел на две репрезентации со различни концепти. Словенија нема победа на официјален меч од септември 2017, најчесто игра со малку голови, а Македонија поефикасно. Словенците имаат неверојатна серија од четири меча по ред со истиот резултат 1-1. Од последните 10 меча, само три им се со три голови, другите седум беа 0-2 гола. Нашите ретко играат нерешено, немаме реми на последните седум средби. Од тие седум, на четири паднаа четири или повеќе голови.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.55)

 

Полска – Летонија (20.45 часот)

Домашните нема да пропуштат прилика да освојат нови три бода, тука „единицата“ е сигурна, па предлагаме да се обидете како дополнување, да играте и дека првиот гол ќе падне во првите половина час. Летонија има низа од девет меча без победа и нема што да бара во Варшава, а според традицијата на нивните меѓусебни дуели, нема да има премногу голови.

Предлог тип: 1 & 0-29 мин. (1.60)

 

Сан Марино – Шкотска (18.00 часот)

После дебаклот против Казахстан, Шкотска нема право на нов кикс. Сан Марино со поразот од 0-5 против Кипар, покажа дека е една од најслабите репрезентации во Европа. Тие ќе се бранат колку можат против Шкотите, но ќе примат два до четири гола, како на пет од претходните шест соочувања со овој противник. Во ноември 2014 е последниот меч на кој Сан Марино остана непоразен.

Предлог тип: 2 & 2-4 (1.92)

- Оглас -

Најнови вести