Русија се кандидира за домаќин на ЕП 2028 и ЕП 2032 година

Членот на Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Русија, Сергеј Анохин, најави дека оваа земја ќе се пријави за домаќинство на Европските првенства во 2028 и 2032 година.

Руските медиуми објавуваат дека земјата е сериозна и дека сака да биде домаќин на континентален фудбалски собир.

„Извршниот одбор одлучи дека ќе се пријавиме за домаќинство на ЕП во 2028 и 2032 година“, изјави Анохин.

Рокот за пријавување за домаќинство на ЕП 2028 година е до вечерва, а официјално во септември 2023 година треба да биде прогласен домаќинот. Освен оваа кандидатурата на Русија, како домаќини на ЕП 2028 година се пријавија и Турција, потоа Романија, Бугарија, Грција и Србија, како и првиот фаворит за добивање на турнирот, а тоа е пријавата на Велика Британија.

- Оглас -

Најнови вести