Русија станува ветена земја за нашите фудбалери, официјализиран трансфер на играч од Македонија Ѓ.П.

Сефер Емини официјално е нов член на рускиот второлигаш Акрон Тољати и овој 20-годишен довчерашен фудбалер за врска на Македонија Ѓорче Петров влезе во историјата на клубот како прв странски играч кој ќе го носи дресот на Акрон.

Акрон е тим кој е во долната половина на табелата и се бори за опстанок. Емини, кој има играно и добивал повици за младинските селекции на Македонија, својот последен меч во дресот на Лавовите од Ѓорче го имаше кон крајот на септември, а потоа се договори со Акрон, но формалностите околу трансферот се комплетираа дури сега.

Договорот на Емини е на четири години, а во новата средина ќе го носи дресот со бројот 22. Трансфер-пазарот во Русија завршува задутре, а не е исклучено уште некој нашинец да замине таму. Познато е дека Давид Тошевски од Работнички премина во Ростов, а Динамо Москва и Спартак се интересираа за Стефан Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести