Русија забележа клучна победа за пат на Мундијалот во Кина

Русија забележа клучна победа за пласман на Светското првенство во Кина, против директниот конкурент Финска и тоа на гостински терен.

Мечот беше исклучително возбудлив, а домаќините анулираа 10 поени негатива со одлична игра во последната четвртина. Финска го доби последниот период со 21:11, но потоа немаше сили за победа.

Русите се консолидираа и победија со 77:75, па сега им треба победа дома против Чесите кои веќе се пласирани на Мундијалот.

Важна победа забележа и Грузија, против Естонија на гостински терен со 80:73, но веројатно нема да биде доволна за пат во Кина. Грузијците зависат од исходот на мечот меѓу Србија и Грција, кој ќе се игра во Белград, а Грција е веќе пласирана на СП.

Резултати: Израел – Србија 83:74, Бугарија – БиХ 89:82, Чешка – Франција 65:79, Естонија – Грузија 73:80, Финска – Русија 75:77, Грција – Германија 92:84.

- Оглас -

Најнови вести