Русин кој е на 92 место на АТП е хит на Вимблдон, маратон со среќен крај за првата фаворитка

Рускиот тенисер Роман Сафиулин е најпријатното изненадување на машкиот дел од турнирот на Вимблдон. Сафиулин кој е на 92 место на АТП листата, со 3:1 во сетови го победи 26-тиот носител Денис Шаповалов од канада.

Фаворизираниот Шаповалов го доби првиот сет со 6:3, но потоа следуваше одлична игра на Сафиулин па Русинот ги доби следните три сета и тоа прилично убедливо со 6:3, 6:1, 6:3. Со оваа победа, Сафиулин се пласираше во четвртфиналето, односно е дел од осумте најдобри на Вимблдон за оваа сезона. Следен ривал ќе му биде осмиот носител Јаник Синер.

На женскиот дел од турнирот, Ига Швјонтек во маратонски меч кој траеше повеќе од три часа, со 2:1 во сетови ја победи Белинда Бенчиќ (7:6, 6:7, 6:3).

- Оглас -

Најнови вести