Русите го отвораат плејофот во Еврокупот, Шпанците со свои адути

Со натпреварот помеѓу руските тимови Уникс Казан и Локомотив Кубан во 17 часот почнува разигрувањето за титулата во кошаркарскиот Еврокуп.

Освен рускиот двобој, за место во полуфиналето ќе се борат три шпански тимови кои имаат незгодни противници. Двојките се Алба Берлин – Уникаха (традицијата е на страна на тимот од Малага), Асвел Вилербан – Морабанк Андора (тимови кои првпат играат плејоф во Еврокупот) и Валенсија – Литвос ритас (Валенсија сезонава нема пораз дома, а овие клубови заедно имаат пет титули во Еврокупот, но никогаш не играле меѓусебе во финалната фаза). Четврт-финалето се игра во две добиени. Денеска се првите мечеви, реваншите се в петок, а евентуалните мајсторки на 13-ти март.

Полуфиналињата, кои исто така се играат со две добиени, се закажани за 19-ти и 22-ри март, со можна мајсторка на 27-ми овој месец, додека финалето е на 9-ти, 12-ти и потенцијално 15-ти април. Победникот на Еврокупот оди во Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести