Русите го прогласија за терорист еден од најдобрите шахисти на сите времиња

Русија на листата на терористи и екстремисти го додаде името на рускиот шаховски велемајстор и политички активист Гари Каспаров, објави руската Федерална служба за финансиски надзор (Росфинмониторинг).
„Гари Каримович Каспаров, роден на 13 април 1963 година во Баку, во Азербејџан, се наоѓа на списокот, објави Росфинмониторинг.
Судот во Москва пред неколку дена го казни еден од најдобрите шахисти на сите времиња со 30.000 рубљи (околу 300 евра) поради непочитување на законот за странски агенти. Истиот суд пред еден месец го казни Каспаров 40.000 рубљи поради објави на социјалните мрежи.
Името на Каспаров во мај минатата година беше ставено во регистарот на странски агенти во Русија. Овој термин руските власти го користат за своите политички противници, новинари и борци за човекови права.
Гари Каспаров повеќе од една деценија живее во САД. Тој во 2013 година поради страв од монтиран судски процес против него, ја напушти Русија и се пресели во САД.
Каспаров е роден во 1963 година во Азербејџан и се смета за еден од најдобрите шахисти на сите времиња. Тој беше светски шампион од 1985 до 1993 година. Каспаров е еден од тројцата шахисти со шест светски титули, покрај него се и Емануел Ласкер и Анатолиј Карпов.
- Оглас -

Најнови вести