Русите паднаа на судот во Лозана – Џабе се жалеа, нема да играат во натпреварувањата на ФИФА и УЕФА

Спортскиот арбитражен суд во Лозана ја одби жалбата на Русија и потврди дека клубовите и репрезентацијата на оваа земја нема да можат да играат во натпреварувања што ги организираат ФИФА и УЕФА.

Руската репрезентација беше исфрлена од бараж системот на ФИФА и немаше можност преку последниот филтер да се избори за настап на Мундијалот во Катар.

ФИФА донесе одлука за суспензија на Русија, поради војната во Украина, а идентичен беше чекорот што го презеде УЕФА и ги исфрли руските клубови од еврокуповите.

Денеска познатиот „CAS“, односно Спортскиот арбитражен суд во Лозана само ги потврди суспензиите на руската репрезентација и клубови кои во веќе почнатата евро-сезона не учествуваат во Лигата на шамлионите, Европа Лигата и во Конференциската лига на УЕФА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести