Русинката Дарија Касаткина на бизарен начин се самоповреди во пределот на вратот, па освен тоа што го загуби финалето во Бирмингам од Онс Жабер, доби и лекција дека во иднина треба подобро да ги контролира емоциите.
Љубителите на тенисот виделе најразни изливи на нервоза, но потегот на популарната Даша, која е 35-та на ВТА-листата, ги засени сите бурни реакции. Во вториот сет по еден загубен поен, 24-годишната Касаткина толку силно си се грабна за вратот, што мораше да ѝ биде укажана и лекарска помош. Ваков медицински тајмаут поради гребаница на врат веројатно е виден првпат во историјата на тенисот.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1406610149855305736