Фудбалер реши јавно да го критикува рускиот претседател Путин

Јевгениј Фролов е фудбалер на екипата на Крилја Советов, кој стана посебно популарен по интервјуто во кое остро го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин. Дролов без многу колебање изјави дека Путин „зборува глупости“, а и дека не се согласува со мерките за превенција од корона-вирусот.

„Тоа што го зборува претседателот на телевизија се глупости“, изјавил фудбалерот Фролов во интервјуто дадено за новинарот Сергеј Јегоров, а пренесува „Москва тајмс“. Фудбалерот не се согласува дека луѓето треба да останат во своите домови за време на пандемијата од корона-вирусот.

„Присилени сме да останеме дома, а притоа немаме помош од државата. Дури и парично нѐ казнуваат поради излегување надвор. Луѓето немаат пари, а просечната казна е 5.000 рубли (околу 3.800 денари). Луѓето втор месец по ред се без плата. Тоа не е случај во Европа. И гледаме како нашата полиција функционира, само малтретираат луѓе по улиците“, вели Фролов во интервјуто.

Овие критики на Фролов кон Путин доаѓаат само неколку дена откако рускиот парламент ги одобри паричните и затворските казни за сите оние кои ќе шират лажни вести и ќе создаваат паника. Во Русија досега се потврдени над 93.000 заразени од корона-вирусот, а има помалку од 900 смртни случаи.

Фудбалското првенство во Русија повеќе од еден месец е во прекин поради пандемијата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести