Руски начин на подготовки со „Фудбалерско домино“ (Видео)

Фудбалерите на рускиот тим Рубин Казањ моментно се наоѓаат на подготовки пред продолжување на сезоната. За време на релаксацијата додека се во хотелот, фудбалерите смислија интересен начин за забава.

Играчите решија да направат „човечко домино“, и тоа со душеците на кои спијат. Во ходникот, фудбалерите наредени еден позади друг покажаа како се прави фудбалско домино и дадоа предизвик на останатите фудбалски екипи кои во моментов се наоѓаат на зимски подготовки.

https://twitter.com/i/status/1362001310598496256

 

- Оглас -

Најнови вести