Руски тенисер измами многумина со својата сомнителна игра во Задар (Видео)

Чуден тек имаше натпреварот помеѓу Русинот Иван Неделко и Хрватот Ноа Вукадин на тенискиот Челинџер турнир во Задар, па многумина се посомневаа во регуларноста. Искусниот Неделко беше голем фаворит против 16-годишниот противник, но првиот сет му припадна на Хрватот, благодарение на почетничките грешки на Русинот.

Дури потоа, откако го загуби првиот сет со 4-6, Неделко почна да игра како што знае и следните два сета ги доби со 6-2 и 6-1. Денеска Неделко игра со Габашвили.

- Оглас -

Најнови вести