Рускиот Д`Артањан ги разочара своите: Да игравме против Украина, ќе нè декласираа

Михаил Бојарски е брутално искрен и вели дека неговата Русија има послаба репрезентација на Европското првенство од Украина и дека би загубиле во евентуален меч во текот на шампионатот.

„Украина е многу посилна од Русија. Играа одлично против Холандија и беше вистинско уживање да се следи мечот. Ако ние игравме против Украинците, сигурно ќе загубевме, и тоа убедливо“, изјави Бојарски.

Ветеранот на руската актерска сцена, Бојарски, стана славен со улогата на Д`Артањан во „Тројцата Мускетари“, но сега со искрениот настап и изјава ги разочара Русите.

Украина и Русија имаа комплетно заладени односи поради Крим, а и во последно време се разгореа провокациите, па се стравува и од нов воен конфликт.

Интересно е што УЕФА ги раздели и не дозволува да бидат во иста група, ниту на ЕП, ниту во квалификациски циклус.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести