Рускиот маратон во Торино е за Рубљов – Прокоцка 10 сета и 4 меч-топки и сепак го победи Медведев

Андреј Рубљов го доби тенскиот маратон од два и пол часа во Торино против сонародникот од Русија, Данил Медведев, со 2:1 во сетови во премиерниот меч од Црвената група на турнирот на осумтте најдобри тенисери во сезоната.

Мечот беше драматичен, а Медведев правеше чуда во првиот и во третиот сет и спаси вкупно 10 сет-топки, но и тоа беше недоволно за стартна победа.

Финишот беше драматичен, а Рубљов прокоцка предност од 6:3 во тај-брејкот и дури 4 меч-топки, но сепак славеше со 9:7 во поени и 2:1 во сетови, или 6:7 (7), 6:3, 7:6 (7).

Првиот сет беше еднакво драматичен, а Рубљов не успеа рутински да поведе со 1:0, иако водеше со 5:2 во гемови и потоа и со истата разлика, 5:2 во поени во тајбрејкот. Стигна и до 6:2 и кога му фалеше само еден поен за да го добие сетот, прокоцка дури 7 сет-топки и загуби со 7:9 во поени.

Но, тоа како дополнително да го мотивираше и успеа да направи комплетен пресврт и да ја забележи првата победа во Црвената група.

Тука се уште и Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас, двајца тенисери што ќе играат меѓу себе вечер во 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести