Рускиот селектор ја даде најинтересната изјава после ждрепката за ЕП

Рускиот селектор Станислав Черчесов, не беше баш најсреќен од распоредот на неговиот национален тим на Европското првенство кое ќе се игра следното лето, но најде време и да се пошегува.

„Првиот меч ќе го играме дома против фаворитот Белгија и тоа мал минус. Во последниот меч ќе гостуваме кај Данска во Копенхаген, и тоа е мал минус. Не е добро што можеби клучниот меч го играме на гости. Но како што кажуваат, два минуса прават плус“ – изјави Черчесов, кој не го спомна и третиот ривал во групата, а тоа е Финска, која повеќе ја посакуваа да им се падне, отколку Велс.

- Оглас -

Најнови вести