Руските екипи со дебакл во Европа – одиграа 12 меча и немаат ниедна победа

Русија за првпат во историјата доби три екипи во групната фаза од Лигата на шампионите. Зенит, Краснодар и Локомотив Москва одиграа по три меча во групната фаза од елитната лига на УЕФА, но не се израдуваа на ниту една победа. Локомотив е најуспешен досега, и тоа со две нерешени и еден пораз. Зенит и Краснодар по еднаш одиграа нерешено, а претрпеа по два порази и секако се далеку од шанса за влез во ноакут-фазата.

Ниту во Лигата на Европа не е ништо подобро за рускиот фудбал. ЦСКА Москва е единствен претставник во второто по ранг натпреварување на УЕФА, а по три кола, билансот на тимот од руската престолнина е две нерешени и еден пораз, па го држи последното место во својата група.

Ако продолжат во исто темпо и во следните мечеви, кога се работи за обложувањето, ќе имате одличен подарок, а тоа е да се одигра дека руските екипи сигурно нема да победат во натпреварувањата на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести