Руските фанови знаат да ценат, екс клубот со транспарент за Емил Рајковиќ (Фото)

Македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ, е сакан и ценет во Русија, доказ за тоа е и транспарентот во салата во Саратов, каде гостуваше ЦСКА Москва предводена од Македонецот на клупата.

Армејците од Москва победија со 85-73 во овој меч од ВТБ лигата, а во салата во Саратов се појави транспарент со ликот на Емил и текст: „Емил, ти си во нашите срца“.

Иако Рајковиќ во Автодор Саратов работеше само една сезона, во 2021/2022, по што замина во гигантот ЦСКА, но остави силен печат, и Русите знаат да го ценат тоа.

- Оглас -

Најнови вести