Каква симболика – Роналдо ја утна историјата, пенал му одбрани голман на Манчестер сити (Видео)

Кристијано Роналдо имаше шанса со удар од белата точка да ѝ донесе предност на Португалија против Република Ирска, но промаши пенал во 15-тата минута.

Нешто што порано беше рутина, сега е проблем за Португалецот, а на извонреден начин со прекрасна интервенција пеналот му го одбрани 19-годишниот голман на Ирците, Гавин Базуну.

Интересно е што Базуну е голман на Манчестер сити, а сега брани како позајмен во Портсмут.

Моментот од 15-тата минута на мечот што се игра во Фаро можете да го погледнете ОВДЕ.

Роналдо пропушти шанса да биде најдобриот стрелец во историјата на фудбалските натпревари кога станува збор за репрезентациите. Моментно тој и Иранецот Али Даеи имаат по 109 гола за своите национални селекции, најмногу во историјата на фудбалот.

Република Ирска го казни промашувањето на популарниот ЦР7 и со голот на Џон Иган во 45-тата минута води со 1:0 на гостувањето во Фаро.

Роналдо по 12 години пауза, се врати во Манчестер јунајтед, каде што сигурен пеналџија е неговиот соиграч од португалската репрезентација Бруно Фернандеш, па ситуацијата е многу интересна.

Бруно сигурно ги погодува ударите од белата точка, но во селекцијата на Португалија за тоа е задолжен Роналдо. Вечерва беше несигурен, а навивачите на Манчестер јунајтед очекуваат одлука од Оле Гунар Солскјер дали Бруно ќе остане изведувач на ударите од белата точка или тоа ќе биде Роналдо.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести