Рутински старт на Ѓоковиќ во Токио

Новак Ѓоковиќ лесно стигна до второто коло на машкиот тениски турнир во Токио, откако го совлада Биливиецот Хуго Делиен по два сета со 6-2, 6-2.

Рутинската партија на првиот светски рекет му донесе пресметка против Жан-Ленар Штруф во второто коло, кој претходно славеше по два сета над Тијаго Монтеиро.

Боливискиот тенисер се држеше до 3-2 во првиот сет, а потоа Ѓоковиќ со два брејка ја искористи втората сет-топка за водство. На сличен начин ја оствари победата, откако Новак прво му одзеде сервис на противникот за предност од 3-1 во гемови, а потоа и за 6-2 со втората меч-топка.

 

- Оглас -

Најнови вести