Рутински старт на олимпискиот шампион, но не и за сребрениот Хачанов

Александер Зверев, актуелниот олимписки првак и вицешампион на ОП на САД, на рутински начин тргна во Њујорк со победа во три сета над Сем Кереј со 6-4, 7-5, 6-2.

До пласманот во второто коло Зверев стигна за час и 40 минути, а патот до таму му се отвори откако го скрши отпорот на Кереј со брејкот за 5-4 во првиот сет. Повторно само еден одземен сет беше доволен за Германецот да поведе со 2-0, а потоа му дозволи само два гема на противникот и лесно стигна до победата.

Во меѓувреме настапот на последниот овосезонски гренслем заврши за олимпискиот вицешампион Крен Хачанов, кој во маратонскиот меч загуби од Лојд Херис со 2-3 во сетови (4-6, 6-1, 6-4, 6-3, 6-2). Русинот мораше да анулира негатива по првиот сет, за да ги добие следните два, но Херис најде нови сили и во последните два сета оствари три брејка кои беа доволни за да приреди изненадување.

Финалистот од 2014 година, Кеј Нишикори, славеше со 3-1 (6-1, 6-1, 5-7, 6-3) во сетови против Салваторе Карусо.

- Оглас -

Најнови вести