Сѐ што треба да знаете околу квалификациите за ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација заедно со уште 54 други селекции од денеска, па до март следната година ќе игра во борбата за пласман на Европското првенство 2020. Вкупно 20 репрезентации ќе се радуваат на крајот од квалификациите, бидејќи толку „визи“ има за пласман на континенталниот собир.

Овие квалификации се малку поинакви од останатите. За првпат по ЕП 1976 година, ниту една селекција нема обезбедено директно учество на завршницата. Тоа е така бидејќи ЕП 2020 година за првпат ќе се организира дури во 12 земји. Причина за оваа одлука е бидејќи во 2020 година ќе се слави точно 60 години од првиот европски собир кој се одигра во 1960 година.

ВКУПНО 20 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕП ПРЕКУ КВАЛИФИКАЦИИТЕ И ЧЕТИРИ ПРЕКУ ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ

Сите селекции во квалификациите ќе бидат распоредени во 10 групи. Првите пет (од А до Е групите) имаат по пет репрезентации, а од Ф до Ј групите има по шест национални селекции. Во сите 10 групи правилата се едноставни. Пласман на ЕП 2020 ќе обезбедат првопласираните две репрезентации.

Останатите четири слободни места кои ќе останат, ќе се пополнат преку плејофот во Лигата на нациите. Најдобрата репрезентација од сите четири сегменти во Лигата на нациите ќе обезбеди место на ЕП.

МАКЕДОНИЈА СО ШАНСИ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА

Нашата репрезентација со најголем оптимизам ги започнува овие квалификации. Македонија доби група во која се Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија. Иако „црвено-жолтите“ не се во улога на фаворити, одличните настапи во Лигата на нациите даваат верба дека може да се направи чудо. Дури и да не биде меѓу првите две селекции во групата, Македонија може да оди на ЕП, и тоа преку Лигата на нациите.

Македонија е дел од плејофот во Лигата на нациите, каде што во полуфиналето ќе играме против противникот Косово. Тој меч ќе се игра по завршувањето на квалификациите. Косово е селекцијата која за првпат е дел од квалификациите за ЕП.

Денеска ќе играат: Казахстан – Шкотска, Кипар – Сан Марино, Австрија – Полска, Белгија – Русија, Хрватска – Азербејџан, Израел – Словенија, Холандија – Белорусија, Македонија – Летонија, Северна Ирска – Естонија, Словачка – Унгарија.

 

- Оглас -

Најнови вести