Сабаленка ја „отвори душата“ и проговори за смртта на поранешното момче

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка за првпат се огласи во јавноста откако изненадувачки почина Константин Колцов. Белорускиот хокеар беше во љубовна врска со Сабаленка две и пол години, а нивната идила заврши непосредно пред да згасне животот на 42-годишниот хокеар.

„Смртта на Константин е незамислива трагедија. Иако веќе не бевме заедно, срцето ми е скршено. Ве молам, почитувајте ја мојата приватност и приватноста на неговите родители во овие тешки моменти“, беше пораката која Сабаленка ја испрати преку својот инстаграм-профил.

- Оглас -

Најнови вести