Сабота е ден за Спортска прогноза, авантурата почнува во Удине, завршува во Бундеслигата

Сабота е ден за Спортска прогноза во новото коло од бесплатната игра на Спорт Манија што носи многу вредни награди.

Колото почнува денеска во 15 часот со мечот во Удине меѓу Удинезе и Сасуоло, па до овој термин можете да одиграте на новиот тикет со 13 двојки и две резерви кои се сметаат во битката за Генерален пласман.

Во ова коло ги очекуваме и првите стандардни играчи што можат да ја минат границата од 100 поени во Генерален пласман.

Има многу интересни натпревари, а новата авантура со Спортската прогноза почнува во Серија А. Дуелот Удинезе – Сасуоло е исклучително значаен за домаќините кои бијат битка за опстанок против тим што нема победа на гостински терен пет кола по ред.

Потоа следат два дуели од Премиерлигата меѓу Вест Хем и Лестер, односно Њукасл и Саутемптон, а саботната програма во новото коло завршува со дуелите Стразбур – Монпелје во Франција и калчо дербито меѓу Интер и Рома.

И двете резервни двојки се од денеска, а утре возбудувањата продолжуваат со дуелот на Леванте и Еспањол, на кој нашиот репрезентативец Енис Барди и неговите соиграчи ќе атакуваат на победа за бегство од опасната зона.

Во фокусот е и пресметката на „Гудисон Парк“ меѓу Евертон и Манчестер јунајтед, ќе се типува и на дуелот меѓу Аланија и Фенербахче, тим за кој игра Елиф Елмас, а колото завршува со мечот од Бундеслигата, понеделнички меѓу Волфсбург и Ајнтрахт.

Типувањето е лесно, наградите се одлични, а играта е бесплатна, па на вас е редот да го одиграте новото коло од Спортската прогноза на Спорт Манија.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести