Сабота е ден за Спортска прогноза, решете го ребусот со квалификациски мечеви до 15 часот

Денеска до 15 часот е последниот рок да се одигра осмото коло на Спортска прогноза, а новата Тринаесетка е составена само од квалификациски натпревари за пласман на Мундијалот во Катар што е голем предизвик за сите да сде одигра за „ајфон 12“.

Прекрасниот мобилен телефон ќе биде убава награда за погодени 13 парови во бесплатаната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Колото почнува со дуелот меѓу Казахстан и Босна и Херцеговина во 15 часот, а грото од прогнозерите типуваат дека гостите ќе победат.

Големи фаворити за ппбеда се и репрезентативците на Република Ирска против Азербејџан, Унгарија со Албанија, Бразил против Колумбија, Аргентина со Уругвај, Чиле против Парагвај, Кипар со Малта и Германија против Македонија.

Прогнозерите сепак најмногу веруваат во победа на Норвешка против Црна Гора и процентот е дури 95 од досега пристигнатите типувања на редовните учесници во нашата бесплатна игра.

Ако имате сигурна варијанта како да се дојде со полн погодок на Тринесетката во осмото коло одиграјте ја вашата комбинација до 15 часот и приклучете и се на бројната армија прогнозери во трката за убави награди.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести