САД го освои Голд купот (видео)

Фудбалската репрезентација на САД по седми пат го освои Голд купот откако во финалето против Мексико славеше со минимални 1-0. Победата вредна за трофеј ја донесе дефанзивецот Мајлс Робинсон во 117-тата минута од продолженијата, откако 90 минути игра не беа доволни за да се издвои подобрата селекција.

Со оваа победа Американците намалија на една титула разлика со Мексико, најтрофејната селекција во ова натпреварување со осум титули, а првпат во историјата се случи составот на Грег Белхалтер во период од два месеци да слави во две различни финалиња против Мексико, откакот САД претходно во јуни ја освои и Лигата на Нации на Централна и Северна Америка.

- Оглас -

Најнови вести