САД и Канада ја потврдија доминацијата

Фудбалските репрезентации на САД и на Канада се пласираа во четвртфиналето од Голд купот, и тоа само по два одиграни меча во групата Б. На мечот одигран во Канзас сити, Американците немаа проблеми против Мартиник и победија убедливо со 6:1.

Уште во првите 25 минути, САД поведе со 2:0, а комплетниот отпор на противникот беше скршен во второто полувреме, кога фаворитот постигна уште четири погодоци.

Канада малку повеќе се мачеше во дуелот со Хаити, но на крајот фаворитот победи со убедливи 4:1. На полувреме беше само 1:0 за Канада, но во вториот дел Ларин даде два гола, а еднаш прецизен беше Холет, па Канада со осум дадени гола во два меча е на лидерското место во групата.

Во третото коло, САД и Канада ќе играат меѓу себе за првото место. Американците мора да бркаат триумф ако сакаат да бидат најдобри во Б групата.

 

- Оглас -

Најнови вести