САД нема дрим-тим за претстојното СП, но ја растури Грција на подготовките (Видео)

Кошаркарската репрезентација на САД која ќе настапи на претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија, нема големи НБА-ѕвезди, но и покрај тоа делува моќно.

Американците вечерва со убедливи 108:86 ја совладаа Грција во рамки на подготовките за Мундобаскетот.

Натпреварот се одигра во Абу Даби, Обединети Арапски Емирари, а кошаркарите на САД доминираа од првата минута. Џарен Џексон јуниор со забивање ги постигна првите поени на натпреварот, а лесни поени од транзиција даваа и Едвардс, Ривс, Бриџис и првата четвртина ја доби САД со 32:17.

Американците предноста ја одржуваа до крајот на мечот и најавија дека се подготвени да се вратат на светскиот трон откако на минатото СП триумфира Шпанија.

Ентони Едвардс со 21 поен за 17 минути беше најдобар кај САД, Камерон Џонсон постигна 13, Џарен Џексон јуниор и Остин Ривс дадоа по 11 за САД, додека кај Грција која настапи без Костас Папаниколау, се истакнаа Никос Рогавопулос и Панајотис Калаицакис со по 12 поени.

- Оглас -

Најнови вести