САД во последните 48 часа имаат ист број порази како во претходните 29 години!

Кошаркарската репрезентација на САД во 1992 година за првпат заигра со дрим тимот, односно со играчи кои играат во НБА-лигата и оттогаш започна нивната доминација. Американците беа неприкосновени речиси на сите големи натпреварувања кога во составот беа кошаркари од најсилната лига во светот.

Сега кошаркарската селекција на САД се подготвува за настап на Олимписките игри во Токио, а во составот повторно се голем број НБА-ѕвезди. Сепак, чудо е колку лошо започнаа во подготвителниот период Американците. Во првиот меч, САД загуби од Нигерија со 90:87.

Колку за споредба, САД против Нигерија во 2012 година, односно само само девет години, победи со неверојатни 156:73, односно 83 поени разлика. Пред пет години САД славеа со 110:66, а сега загубија во подготвителен меч.

Дека тој пораз од Нигерија не е случаен, се потврди и утрово, кога САД играше против Австралија и загуби со 91:83. Втор пораз само во 48 часа за Американците е нешто несвојствено. Колку за споредба, статистичарите пресметале дека САД имале 54 победи и само два порази во пријателски мечеви одиграни од 1992 година до пред средбата со Нигерија.

Сега, само во 48 часа, САД два пати загубија, што е вистинско чудо. Американците вечерва играат уште еден контролен дуел, а овојпат ривал им е Аргентина. Досега никогаш не се случило САД со НБА-играчи да врзе три порази по ред, дури и на големите првенства, а интересно е што Аргентина има две победи во последните три средби со Американците.

 

- Оглас -

Најнови вести