Садио Мане ќе си замине од Ливерпул за да заигра за уште потрофеен клуб

Садио Мане во 2016 година дојде во Ливерпул и под водство на Јирген Клоп покажа дека е еден од најдобрите играчи на денешницата. Заедно со Мухамед Салах и Роберто Фирмино е дел од ударната напаѓачка тројка на англискиот гигант, кој пред една година стана европски првак.

За квалитетите на Мане покажува и фактот дека лани заврши на четвртото место во изборот за Златна топка. Според угледниот „Франс фудбал“, сенегалскиот репрезентативец на крајот од сезонава ќе си замине од „Енфилд роуд“ за да заигра во дресот на Реал Мадрид.

Мане има одлични контакти со тренерот на Реал, Зинедин Зидан, а токму Французинот инсистира на доведување на ѕвездата на Ливерпул. Шпекулациите се дека доколку Кралскиот клуб сака да го купи Мане, ќе мора да исплати 150 милиони евра. Сенегалецот начелно е за доаѓање во Реал, па сега се очекува само одлуката на Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести