Сенегал како еден од главните фаворити за титулата на Африканскиот куп на нациите се намачи за победа на стартот од турнирот во Камерун и во драматичен финиш го победи Зимбабве.
Првата ѕвезда на популарните Лавови од Теранга, Садио Мане, погоди од пенал во 97-мата минута и му ги донесе на Сенегал првите бодови во Б групата, каде што ривали се и Малави и Гвинеа.
Токму тие две селекции ќе играат меѓу себе од 17 часот, а во истиот термин ќе се игра и дербито од Ц групата меѓу Мароко и Гана.
Од 20 часот во рамките на истата група ќе се игра и натпреварот меѓу Габон и Комори.