Сафари ја прати топката на долг пат, еврогол што вреди да се погледне (Видео)

Малме по вторпат ја декласира Балимена, славеше со 4:0 на гости и со вкупен резултат од 11:0 мина понатаму во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Тоа е најубедливиот вкупен биланс во првото коло, а сето тоа со феноменален гол го зачини 34-годишниот стопер Бехранг Сафари.

Во 27-мата минута од реванш-дуелот, Сафари со вистинска бомба го отвори резултатот, а по него прецизни беа Молинс, Ракип и Гал за триумф од 4:0, по тој дома со 7:0.

Погледнете го евроголот на Сафари.

- Оглас -

Најнови вести