ПСЖ и без Нејмар слави во Истанбул, Челзи му даде пенал „фора“, па го растури Краснодар (Видео)

Пари Сен Жермен ја забележа првата победа во новото издание во Лигата на шампионите, а тоа вечерва го стори и Челзи.

Европските вицешампиони имаа голем малер во првото полувреме, а се повреди Нејмар во 26-тата минута. Бразилецот беше заменет, што сепак не беше кобно за Светците, најмногу благодарение на Мојзе Кен.

Играчот кој настапува како позајмен за ПСЖ од Евертон ги постигна двата гола за гостите за победа од 2:0.

Уште поубедлив беше Челзи на гостувањето кај Краснодар со триумф од 4:0. Англискиот претставник му даде и пенал „фора“ на домаќинот откако Жоржињо утна удар од белата точка во 14-тата минута.

Потоа кардинална грешка направи голманот на Краснодар, Матвеј Сафонов, и Челзи поведе со голот на Хадсон-Одои. Чуварот на мрежата на рускиот тим слабо интервенираше и топката го прескокна и влезе во голот во 37-мата минута

 

Потоа повторно имаше пенал за Челзи, а рутински погоди Тимо Вернер. Печат на победата на Челзи, прва во ова издание на ЛШ, ставија Зијех со деби гол за клубот од „Стемфорд бриџ“ и Пулишиќ во самиот финиш.

 

- Оглас -

Најнови вести