Сагата за трансферот на Де Јонг нема крај – Му скокна цената, Манчестер јунајтед ќе плати 20 милиони евра повеќе

Трансфер-сагата на Френки де Јонг и преговорите меѓу Барселона и Манчестер јунајтед добиваат нова димензија, а цената што Црвените ѓаволи треба да ја платат за холандскиот репрезентативец скокна за цели 20 милиони евра.

Двата гиганти имаа устен договор дека Де Јонг може да се пресели од Барселона во Манчестер јунајтед за сума од 65 милиони евра, но сега цената ќе биде 85 милиони евра со вклучени бонуси.

Интересно е што претходно самиот фудбалер изјави дека игра во најдобриот клуб на светот, Барселона, и дека нема намера да го напушта шпанскиот гигант.

Сепак, Манчестер јунајтед беше упорен и според информациите ќе плати вкупна сума од 85 милиони евра за да го ангажира Холанѓанецот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести