Саинс: Боли тоа што бев најбрз, а не можев да победам на трката

Пилотот на Формула 1 тимот Ферари, Карлос Саинс, го освои второто место на синоќешната трка за Големата награда на Канада, но не беше задоволен. Шпанецот смета дека неговиот болид бил најбрз на патеката, па затоа не е среќен од втората позиција.

„Ова е моја најдобра трка годинава, но не сум задоволен од второто место, особено поради брзината која што ја имав. На моменти бев и побрз од Макс. Но, за да го победите и претекнете Ред Бул, треба да бидете пет или шест десетинки побрзи од нив. Правев притисок, но Макс не направи грешка“ – изјави Саинс кој петти пат во кариерата беше втор, а уште нема победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести