Сака е подготвен да стане легенда на Арсенал, тоа го потврди и со еден важен потпис

Букајо Сака е еден од најомилените фудбалери кај навивачите на Топчиите, па веста дека останува верен на клубот е можеби и најубавата вест во последните месец дена во лондонскиот клуб.

Сака стави потпис на договорот кој го обврзува да остане во Арсенал до јуни 2027 година. Претходниот договор на Сака беше до јуни 2024, а сега тој е продолжен за утре три години. Според новиот договор, Сака ќе заработува речиси 300.000 фунти неделно, што го прави еден од најскапите фудбалери на „Емирати“.

Напаѓачот кој има само 21 година, во Арсенал дојде уште во 2008 година кога беше талентирано дете. Дури 10 години помина во школата на Топчиите, а потоа дебитираше за сениорскиот состав. Сака веќе има 178 меча во дресот на Арсенал, а сезонава тој блесна и имаше 14 гола и 11 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести