Сака со прославата го „боцна“ Медисон, а овој му врати и „го прати по бурек“ при голот за 1-1 (Видео)

Дуелите помеѓу Арсенал и Тотенхем секогаш се исполнети со тензии и голови, така е и попладнево на „Емирејтс“, каде на пауза резултатот е 1-1.

Домашните поведоа со автогол на Ромеро, по шут на Букајо Сака. Сака голот го прослави имитирајќи го противничкиот играч Џејмс Медисон. Медисон ова го сфати лично, а одмаздата дојде во финишот на првиот дел.

Тој со одлична финта со тело се ослободи од Сака, и му асистираше на Хеунг Мин Сон при голот за 1-1.

Погледнете го трикот на Медисон и неговата асистенција:

- Оглас -

Најнови вести