30.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Сака задоцни за малку да биде најмлад стрелец во историјата на Арсенал (Видео)

Бакајо Сака го постигна дебитантскиот гол за Арсенал со кој најави победа на Топчиите против Вулверхемптон, а со волејот со кој ја погоди мрежата на Руи Патрисио во 43. минута стана вториот најмлад англиски фудбалер што дал гол за клубот од Лондон.

Сака има 18 години и 303 дена, а пред него е само Алекс Окслејд Чембрлен, кој даде гол на возраст од 18 години и 173 дена.

Голот во 43. минута ја најави првата победа на Арсенал на „Молињу“ по 8 години, а потврда за триумфот стаса во 86. минута, кога погоди и Лаказет за конечни 2:0.

https://www.youtube.com/watch?v=NshaTnqewBo

Арсенал ја прекина серијата од три меча без победа против Вулверхемптон и се врати во игра за настап во Европа Лигата.

Топчиите сега се на седмото место со 49 бода и ја намалија негативата во однос на денешниот ривал, кој е пред нив со 52 бода.

- Оглас -

Најнови вести