Направија журка за прослава на титулата, а петмина играчи на Црвена ѕвезда се заразени со корона-вирусот

Петмина фудбалери на Црвена ѕвезда се заразени со корона-вирусот, потврдија здравствените установи во Србија. Познати се и имињата на сите петмина играчи кои веднаш заминале во изолација, а веднаш со соопштение се јавија и од таборот на српскиот фудбалски првак.

„Играчите кои се позитивни на корона-вирусот се чувствуваат добро. Сега се наоѓаат во строга изолација и се во постојан контакт со медицинскиот тим на клубот. Гобељиќ, Јовановиќ, Петровиќ и Конатур имаа симптоми на болеста уште пред последниот меч против Пролетер и тие не беа на стадион. Бранко Јовиќ тогаш немаше симптоми, нема ни сега, но неговиот наод е позитивен“, стои во соопштението на Црвена ѕвезда.

Состојбата на сите заразени внимателно се следи и сите фудбалери повторно ќе бидат тестирани пред почетокот на следната фудбалска сезона во Србија.

- Оглас -

Најнови вести