Сакаше да дојде до Ибрахимовиќ, а се посрамоти пред цел свет (Видео)

Лос Анџелес галакси и Златан Ибрахимовиќ загубија на гостувањето кај Колорадо со 2:1 и не успеаја да се искачат на седмото место на Западот, последно кое води во плејофот. Сите три погодока беа постигнати во последните 11 минути, а гостите на крајот си заминаа разочарани.

Колорадо поведе со голот на Басет, а три минути подоцна Галакси изрмани преку Гонзалес. Сепак, радоста на гостите кратко траеше. Во 85-тата минута беше досуден пенал за Колорадо, а иако играчите на ЛА се бунеа и бараа судијата да се консултира со ВАР-системот, тоа не се случи и домаќините со погодок стигнаа до триумф од 2:1.

Возбудливо беше и по мечот. Двајца навивачи успеаја да втрчаат на теренот во обид да стигнат до Ибрахимовиќ. Првиот имаше потег за памтење откако успеа да дојде до Ибра, но токму во тој момент се лизна и падна токму пред голгетерот на Галакси. Вториот навивач некако успеа да се поздрави со Златан пред да биде фатен од редарите.

Додека навивачите се обидуваа да стигнат до Ибрахимовиќ, еден од домашните фудбалери трчаше по противникот и го бараше да ги заменат дресовите.

 

- Оглас -

Најнови вести