Сакаше да го понижи Тоти, но Принцот од Рим веднаш му даде лекција за цел живот (Видео)

Франческо Тоти е еден од најдобрите фудбалери во последниве неколку децении, а неговата големина е дополнително позначајна поради неговата верност. Во текот на целата кариера, Тоти го носеше дресот само на еден клуб, тој на Рома.

Популарниот Принц од Рим одигра 786 натпревари во дресот на Рома и постигна 307 гола. Се радуваше на титула во Серија А, а по двапати го освојуваше Купот на Италија и Суперкупот на земјата. Најголемиот успех во кариерата сепак му е со репрезентацијата на Италија, кога стана светски првак на Мундијалот во 2006 година.

Тоти од активното играње фудбал се откажа во 2017 година, но продолжи да биде дел од натпревари во футсал. Дека е вистински мајстор, Тоти потврди на последниот меч од мал фудбал. Едно момче од противничката екипа се обиде да го посрамоти Тоти и да му „продаде“ финта, но само неколку секунди подоцна, противникот доби лекција што ќе ја памти цел живот.

Топката дојде до Тоти, а овој од прва во мајсторски стил од половина терен го матираше противничкиот голман за ерупција на трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести