Сакаше да ја спречи топката да излезе во аут, ја шутна, и – даде гол (Видео)

Фудбалерот на Кашима антлерс, Јута Коике, на дуелот против Џубило Ивата постигна гол каков што ретко се гледа, и веројатно ќе биде меѓу кандидатите за наградата „Пушкаш“ за најубав погодок годинава. Додуша, Коике несакајќи го даде голот, но тоа не ја намалува вредноста.

На мечот од јапонската Џеј лига, Кашима водеше со 1-0, кога Коике покрај левата аут линија сакаше да спречи аут за противниците, и силно ја шутна топката, која одеше директно во голот, го лобуваше голманот, и заврши во мрежата. Ниту самиот Коике не можеше да поверува дека постигнал гол, а и телевизиските коментатори полудеа.

- Оглас -

Најнови вести