Сакаше да нафрли или гаѓаше да постигне ваков фантастичен гол? (Видео)

Олимпик Лион со 3:1 го победи Рен во меч на кој домаќините направија пресврт во второто полувреме. Рен водеше со голот постигнат во 11 минута и предноста ја одржуваа до 60 минута. Тогаш, по еден изведен корнер, топката дојде до Толисо, а овој со шут од преку 25 метри успеа да постигне прекрасен погодок.

Интересно е дали Толисо имаше идеја да шутира или првично акцијата требаше да заврши со центаршут, затоа што во противничкиот шеснаесетник имаше повеќе фудбалери на Лион. Без разлика дали голот беше случаен или тоа беше првичната идеја, останува фактот дека тој е еден од најубавите постигнати денеска во фудбалска Европа и може да го видите ТУКА.

Тој погодок на Толисо всушност беше и најава за пресвртот на Лион, па домаќините на крајот славеа со 3:1, во дербито на ова коло во француското првенство.

Овој погодок на Толисо потсети на голот кој во петокот го постигна Салернитана против Интер, кога Нераѕурите беа шокирани во последните моменти од дуелот.

- Оглас -

Најнови вести